Македонскиот премиер Емил Димитриев преку Фејбук реагираа на недомнешните изјави на неговиот албански колега Еди Рама за спојување на Албанија и Косово, за кои вели дека не се во прилог на добрососедството и градење пријателски односи, напротив, смета Димитриев, додаваат масло на огнот кој тлее и разгоруваат националистички чувства.

„Додека мојот колега од Албанија „од ракав“ вади сценарија за спојувања на Албанија и Косово, доколку пропадне европската интеграција на државите од регионот, негови дежурни адвокати се трудат да го правдаат со теза дека тоа што Рама бара домашни предизборни поени преку брутално мешање во македонските процеси биле од „пријателска природа. Каква неодговорност од социјалист кој најотворено подгрева национализам! Додека владее конфузност кај политичари во соседството дали сакаат да поддржат навистина пријателски дух во Регионот или не, сакам да им порачам дека ние, иднината на Македонија ја гледаме во Европската унија и немаме дилема во однос на овој стратешки приоритет, пишува Димитриев на својот профил на Фејбук.
Додава дека иднината на Регионот не е во обединувањето на две држави или повеќе територии, туку во обединувањето на сите околу европските вредности во ЕУ.

По изјавата на Рама дека е можно обединување на Косово и Албанија доколку Унијата ги затвори вратите за земјите од Западен Балкан, вчера и косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека доколку ЕУ ја затвори вратата за Косово, "сите Албанци од регионот ќе живеат во единствена држава за да се продолжи со понатамошната интеграција во европското семејство".

На ваквите изјави реакции пристигнаа и од соседна Србија. Потпрестедателот на српаката Влада и шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ смета дека албанските политичари стануваат главна закана за мирот и стабилноста на Балканот и Европа.

"Координираните изјави на Рама, Тачи и Муслију покажуваат дека Голема Албанија е цел на сите Албанци. Денес Муслиу на тоа го додал и Ниш, утре ќе ги додаде и Скопје, Улцињ, Епир", наведува Дачиќ преку официјално соопштението на српското МНР.

И српскиот премиер и новоизбран претседател Александар Вучиќ изјавите на Рама и Тачи ги оцени како закани, бидејќи, како што вели, не може да има обединување на сите Албанци без конфликт во неколку држави.Тој ја повика Европската Унија да излезе со јасни ставови за случувањата во регионот.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 19:15
Ивана Стојкова

коментари

остави коментар