Вториот осомничен напаѓач сам и се предал на белгиската полиција по алармот дека е осомничен за инволвираност во нападот.

Напаѓачот е идентификуван како 39 годишен маж кој во 2001 се обидел да убие тројца полицајци и бил на листата на безбедносните служби како лице кое е ризично за безбедноста.

Тој синоќа со ауди а80 се паркирал зад полициското комбе и со калашников почнал да пука кон полицајците.

„Ние сме убедени дека мотивот за нападот е од терористичка природа, изјави Оланд.

„Во изминатите денови повеќе од 50 илјади полицајци се мобилизирани за да обезбедат мирни и слободни избори. Ништо не може да го наруши демократското право кое е фундаментално за животот на нашата нација рече Бернард Казнев, министер за внатрешни работи.

Полицијата изврши претрес во домот на напаѓачот во источен Париз барајќи докази за негова поврзаност со ИСИЛ. Исламската држава веќе ја презеде одговорноста за нападот. Соседите се шокирани.

„Беше осаменик. многу осамен. можеби имаше шизофренија не знам. Но во секој случај мажот беше многу осамен но кон сите се однесуваше коректно. ако го направил ова, значи полудел“ – вели едно момче.

На напаѓачот му се заканувала и 15 годишна затворска казна во 2005 та, под сомнение дека купувал експлозивни направи но поради немање доволно докази бил ослободен.

Нападот се случи на последниот ден од кампањата за претседателските избори во Франција што треба да се одржат во недела.кандидатите за претседател го осудија нападот и ги откажаа завршните собири и митинзи за денеска, со образложение дека полицијата треба да ги фокусира сите сили кон расчистување на нападот.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 15:01
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 15:05

коментари

остави коментар