Момчето почина. Истиот ден уште две момчиња беа повредени додека сакале добра фотогорафија на вагон.

Итно беа однесени на КАРИЛ, а по лекувањето на оваа клиника заминале на лекување во странство.

Македонски железници Транспорт заедно со училиштата во кампања тинејџерите да не ги користат вагоните, шините, пругите за фотографирање, бидејќи животот може да заврши пред да ја направат фотографијата.

Кампањата започна во средното училиште каде учениците учат токму за железничкиот превоз „Владо Тасевски“, професорите објаснија дека железниците се за превоз на вагони, а не за прошетки и за фотографии.

Светскиот тренд за фотографирање по вагони стигна и во Македонија. Опасното по живот адреналинско фотографирање значи одземање на живот, а не оригинална фотографија.  




Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 14:52
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 19:25

коментари

остави коментар