Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски изврши увид во отпочнатите градежни работи.

Старите дотраени реквизити ќе бидат заменети со нови забавни, ќе биде изградена нова инфраструктура ни придружни објекти, но на истата површина без да се одзема од зеленилото во Градскиот парк. Проектот тежи 6,5 милиони евра.

- Изградбата на новиот забавен парк ќе се гради фазно, во повеќе години, и изградбата на истиот, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра. Во првата фаза е предвидена изградба на инфраструктура и објекти кои се неопходни за функционирањето на забавниот парк, како што се влезно излезна партија, објект за администрација, тоалети и други придружни објекти, партерно и хортикултурно уредување, за што се издвоени околу 101 милион денари. – изјави Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје.

Во новиот Луна парк ќе бидат поставени вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки и тобогани.

Луна Паркот нема да биде во функција додека траат градежните работи, но дискотеките лицирани во постојаниот парк, ќе работат и оваа сезона.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 14:39
Катерина Капкоска
Обновено во: 17:44

коментари

остави коментар