Осомничениот е со руско-германско потекло и бил приведен за време на полициска операција близу градот Тубинген во југозападната покраина Баден-Виртемберг.

Уапсениот, идентификуван како Сергеј В., се сомничи дека  се обидел да предизвика пад на цената акциите на фудбалскиот клуб, велат обвинителите.

Според истрагата, осомничениот купил акции во клубот во вредност од 78 илјади евра преку интернет од тимскиот хотел, каде што престојувал од 9 април.

Трите експлозии детонираа додека автобусот беше на пат за натпреварот против Монако во Дортмунд во лигата на шампиони на 11 април и повредија двајца.

По апсењето, акциите на клубот пораснаа за 2 отсто.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 14:07
Соња Поповска Петрушевска

коментари

остави коментар