Странските инвеститори се се` помалку присутни, а пазарот се потпира  на домашните инвеститори.

Состојбата во првиот квартал од годинава е стабилна, но овој месец се чувствува успорена динамика, сметаат експертите.

- „ Резултатите во берзанското тргување во првиот квартал од годинава се накратко следниве вкупниот проект по сите основи изнесува  неполни 17 милиони евра тоа е сосема задоволителен податок,. Тоа е втор најдобар квартал во последните пет години ацновната перформанса НБ индексот е пораснат за неполни 5%“,  вели   Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза.

И светската економска криза последните десет години, но и повеќето политички турболенции на Балканот придонесоа за  успорениот промет на пазарот на финансиски  капитал во целиот регион.

- „Тоа е криза која што покажува дека еден стандарден начин на финансирање кој го имаме во нашиот транзициски период последните 25 години од Вардар па до Триглав, во суштина се покажа дека ни сопствениците на приватен капитал не ја научија лекцијата  во смисла на можностите кои пазарот на капитал ги нуди“, вели Синиша Крнета од Белградската берза.

Новитетите и трендовите  во фондовската индустрија, колективни платформи за финансирање, вијанието на новите технологии во финансискиот сектор се дел од темите на 18та годишна конференција на македонска берза, што денес се одржува во Охрид. На берзата присуствуваат експерти од Србија, Хрватска, Словенија,  Бугарија и Швајцарија.


Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 13:44
Соња Рилковска
Обновено во: 13:48

коментари

остави коментар