Според објавените податоци просечната плата бележи раст од 2,4 проценти што се должи на повисоките просечни исплатени нето плати во секторите Транспорт и складирање за 11,9 отсто, Информации и комуникации за 6 проценти и Рударство и вадење камен за 4,9 отсто.

Во овој месец намалување на нето платата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,1 отсто, Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 7,3 отсто и Рударство и вадење на камен 5,4 отсто.

Просечната бруто плата по вработен во февруари изнесува  32.869 денари.

Во февруари 2017 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата. /МИА

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 13:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар