Како што јавуваат медиумите од Париз, француската полиција привела тројца блиски на извршителот на нападот, во кој беше убиен еден полицаец.

Сите тројца биле дел од кругот во кој се движел убиецот, кој беше застрелан од полицијата на Елисејските Полиња.

Притворените се наоѓале во станот во кој полицијата ноќеска извршила претрес набрзо по нападот.

Одговорноста за нападот официјално презеде групата Исламска држава (ИД).

Француските медиуми тврдат дека Карим Шеруфи од претходно им бил познат на полициските служби, како лице кое манифестирало насилство кон полицијата.

Карим Шеруфи во 2003 година имал сообраќајка со украдени возило во Руаси ен Бри Сен е Марн, кога удрил во друг автомобил во кој се наоѓал еден полицаец и неговиот помлад брат.

Шеруфи се дал во бегство со автомобилот, по што полицаецот тргнал по него.

Кога возилото на полицаецот се доближил до автомобилот, Шеруфи стрелал кон него и ги ранил полицаецот и неговиот брат.

Иако веднаш по ова побегнал, Шеруфи набрзо бил уапсен и му бил одреден притвор.

Два дена по инцидентот, Шеруфи повикал полицаец во притворската ќелија, успеал да му го одземе пиштолот и неколку пати стрелал во него.

Полицаецот бил тешко ранет, но успеал да го активира алармот.

По овие инциденти тој истата година е осуден за обиди за убиство на 20 години затвор, но по жалбата, во 2005 година казната му е намалена на 15 години.

По отслужувањето на казната, која во меѓувреме му е скратена, Шеруфи почнал да продава облека на пазарот во Шеле Се е Марн.

Неговата радикализација не била забележена претходно, освен одредени закани кон силите на редот.

При претресот во неговиот дом биле пронајдени „елементи на радикализација“, потврдуваат полициски извори за француските медиуми.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 12:41
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:12

коментари

остави коментар