Руските медиуми јавуваат дека големи конвои и возови со воена опрема  се движеле кон границата.

Во  меѓувреме и Соединетите држави и Северна Кореја предупредија на евентуални превентивни напади, а Пјонгјанг се закани и со нуклеарен напад.

Официјални американски извори вчера тврдеа дека се чувствува поголема активност на кинеските бомбардери, но кинескиот министер за одбрана денеска со куса изјава демантираше и рече дека кинеските сили на границата со Северна Кореја се во состојба на „нормална подготвеност“.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји неодамна изјави дека „се собираат облаци за бура“ мислејќи на севернокорејските подготовки за нуклеарна проба и распоредувањето на американски морнарички сили и спроведувањето на воени вежби заедно со јужнокорејски сили.

- САД и Јужна Кореја и Северна Кореја се со извадени мечеви. Ги повикуваме сите страни да се воздржат од провокативни зборови или дела да превенираат нешто од што нема враќање. Ако дозволат да избие војна тие треба да ја носат историската одговорност и да ја платат цената - предупреди Ванг.

Ванг вели дека Кина се залага за дијалог „ официјален или неофицијален, преку еден или повеќе канали, билатерален или мултилатерален“.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 10:43
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:20

коментари

остави коментар