Блокадите во собранието, поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и насилства што водат кон целосна парализа на државата е погазување на уставот и на правото во Македонија и загрозување на стабилноста!

Тоа се сериозни дела против државните интереси и секоја институција и поединец треба да знае дека повлекува сериозна одговорност!

Велјаноски и Иванов не смеат да ги штитат криминалните платформи на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваат да си ги спасат личните богатства и интереси, ситуацијата дополнително ќе се влоши кога ќе престанат сите ингеренции на градоначалниците и советите во општините, нови локални избори не може да се закажат без нов собраниски претседател и тоа ќе значи блокада на целиот државниот систем.

Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанаа околу 700 000 граѓани... Тоа мнозинство е должно да избере легитимен претседател на собранието согласно уставот и деловникот и да ја формира нова реформска влада на граѓаните, што е јасно за целата домашна и меѓународна јавност, стои меѓудругото во соопштението од СДСМ.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 10:30
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:30

коментари

остави коментар