Поголема потврда од тоа дека од алијанса за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од тиранската платформа со СДС, а не за некакoв „граѓански концепт“ кој Заев ни го продава, нема.

Заев не излезе и не го осуди својот иден коалиционен партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Македонија, исто како што не собра храброст да го осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати.

Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на тиранската платформа.

Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да ја проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи влада.

За разлика од Заев и криминогената врхушка на СДС, граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата.

Граѓаните не сакаат да му ги плаќаат долговите на Заев кај нарко-мафијата и разните странски партнери на кои Заев им ветил дека ќе ја реализира платформата од Тирана.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 10:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар