Врховниот суд  во Москва врз основа на истрагите што ги воделе надлежните руски служби, утврди  дека религиозното исповедање, основано во 1876 година во Соединетите американски држави, “Јеховини сведоци” е екстремистичка организација.

Поради тоа се  забранети сите  активности на територијата на земјата, соопшти агенцијата Тасс.

Покрај тоа, судот го приватизира и имотот на движењето и го претвори во државен приход.

Од организацијата најавија  дека ќе поднесат жалба за одлуката.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 09:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар