Новиот директор на ЦИА, Мајк Помпео, го обвини Викиликс дека дејствува како непријател на САД, а државниот обвинител Џеф Сешнс со став дека„апсењето на Асанж станува приоритетно прашање“.

Откриени се докази дека Асанж му помагал на Едвард Сноуден во неговото обелоденување на украдените класифицирани документи на националната агенција за безбедност пред тој да побегне, преку Хонг Конг, во Русија, каде и сега престојува.

Во текот на кампањата во САД, Асанж застана зад Трамп, објавувајќи непосредно пред гласањето, хакирани документи  што требаше да и наштетат на Хилари Клинтон.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 09:32
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:10

коментари

остави коментар