Дачиќ рече дека албанските политичари се  "голема закана за мирот и стабилноста на Балканот и во Европа".

„Координираните изјави на Рама, Тачи и Муслиу покажуваат дека голема Албанија е целта на сите Албанци. Денеска Муслиу ќе коментира во Ниш, утре во Скопје, Улцин, Епир. Ќе прозборат ли САД, Велика Британија и ЕУ? ако не го сторат тоа, сега кога голема Албанија дојде до Ниш, ќе бидат директно одговорни за последиците ", рече Дачиќ.

Според Дачиќ Албанците  треба добро да ги одмерат нивните зборови бидејќи на меѓународната сцена не постојат повеќе нивните заштитници кои ја бомбардираа Србија за да и го одземат Косово.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 09:11
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:10

коментари

остави коментар