Организатори на манифестацијата, што се одржува по шести пат се Град Скопје и ЈУ „Детски културен центар-Карпош“ од Скопје, а ќе учествуваат училиштата од градот и од околината на Скопје. Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.

- Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна. На манифестацијата минатата година учествуваа околу 700 учесници, а годинава очекуваме бројката да биде поголема, посочуваат организаторите.

На Ролеријадата ќе бидат доделени по три награди за најуспешните учесници во машка и во женска категорија

Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булеварот „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“). /МИА

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 08:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар