Тој во јавното обраќање уверуваше дека сите ќе бидат заштитени и дека сите потребни мерки се преземени.

Изрази признание и доверба во безбедносните сили кои се мета на терористите во Париз.

Оланд рече дека истрагата води кон тоа дека и овој пат се работи за терористички напад и изрази сочувство до семејствата на загинатиот и повредените полицајци.

- Правиме се што можеме да се справиме со тероризмот - рече на крајот од обраќањето Франсоа Оланд.

Француските медиуми и Си Ен Ен јавија дека убиениот напаѓач бил познат на полицијата како близок до терористичка формација.

Тој бил на радарот на безбедносните служби и бил следен од полицијата како сомнителен „за исламистички тенденции“, но не се знае со каков интензитет, со оглед на тоа што му успеа вечерва да изведе напад над полицијата.





 

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 23:39
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:10

коментари

остави коментар