Бизнисмен од Колорадо смисли уникатно решение за оние кои не сакаат да излегуваат од своите автомобили кога купуваат марихуана.

Продавницата Tumbleweed Express официјално ќе биде отворена на 20 април. Продавницата е отворена во објект што порано бил перална за автомобили.

Овде ќе може да си порачате што сакате и колку сакате без да излезете од автомобилот. По порачката се упатувате кон пултот плаќате и си заминувата. Се разбира можете да порачате марихуана само доколку имате над 21 година.

Во Колорадо продажбата на марихуана е легализирана од 2012 година.

“Исто како да нарачувате сендвич или суши. Ние ќе ви дадеме хартиено мени каде што муштериите можат можат да си изберат што сакаат да купат и да го подигнат на пултот“, изјавил Марк Смит сопственикот на продавницата.

Од ноември продажбата на марихуана е легална во 8 држави во САД.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 23:04
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:04

коментари

остави коментар