Полицискиот портпарол штотуку одржа прес конференција на која потврди дека е убиен еден полицаец а двајца се тешко повредени. Нападот се случил вечерва во 21 часот кога со автоматско оружје е пукано врз полицајците кои биле во возило.

Полицијата сеуште го истражува идентитетот на напаѓачите. Оттаму велат дека напаѓачот може да имал повеќе помагачи.

Медиумите претходно јавија дека загинале двајца полицајци, но официјална потврда од полицијата има само за една жртва од полицијата.

Напаѓачот кој пукал е убиен од колегите на убиениот полицаец, а по другиот или другите напаѓачи се трага.

Полицијата останува на формулацијата дека „најверојатно се работи за терористички напад“ со оглед на тоа што полицајците биле планирана мета, нападот е извршен на најпознатата улица во градот преполна со туристи, а Париз е подолго време на мета на терористите.


Елисејските полиња се затворени, граѓаните се повикани да не се доближуваат, во регионот има многу полиција а надлетуваат и хеликоптери.

Претседателот Франсоа Оланд свика итен состанок со премиерот Бернар Кузнев околу најновата безбедносна ситуација.

Инцидентот се случува непосредно пред првиот круг на претседателски избори во Франција.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 22:57
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 23:17

коментари

остави коментар