Традиционално пред владата почнаа протестите граѓаните со барање итно повлекување на тиранската платформа, нови избори.

Црвено жолтата колона продолжи кон собранието, тука со говори против тиранската платформа. Пред собранието багерите и народот ја означуваат непопустливоста на македонскиот народ против федерализација на Македонија, порачаа организаторите на протестите.

Протести и низ Македонија, стари пораки, но со симболика дека нема да се откажат за она што излегле уште првиот ден „НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА“.

Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните денови. 

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 22:42
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 22:59

коментари

остави коментар