Нападот е извршен вечерва околу 21 часот на најпрометната и најпопуларна улица во Париз, преполна со туристи.

Француските медиуми јавуваат дека полицајците биле нападнати откако застанале со автомобилот на црвено. Од друг автомобил излегол еден од двајцата напаѓачи и пукал во полицајците со калашников.

Ројтерс јави дека оној што пукал е убиен, а другиот е во бегство.

На лице место е убиен полицаецот кој бил на возачкото седиште, а неговиот колега беше повреден, но тукушто им подлегнал на повредите - јави France24 повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата соопшти дека „најверојатно се работи за терористички напад“.

Со твит објавен пред 20тина минути, полицијата соопштува дека полицајците биле планирано нападнати.

Сведоци тврдат дека пукањето траело кусо време, но слушнале повеќе истрели.

Елисејските полиња се затворени, граѓаните се повикани да не се доближуваат, во регионот има многу полиција а надлетуваат и хеликопери.

Во моментов се одвива потрага по вториот напаѓач.

Затворена е улицата „Rue De Rivoli “ каде е пронајден сомнителен пакет. Се истражува дали се работи за експлозив.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 22:33
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 23:03

коментари

остави коментар