Инцидентот се случил околу 21 чсот по локално време, кај Елисејските полиња, една од најславните улици во светот секогаш полна со туристи,  кога напаѓач отворил оган на полицијата.

Некои од светските медиуми јавуваат дека нападот бил извршен кога полицајците застанале на црвено светло на семафор на улицата, по што еден од двајцата напаѓачи илегол од својот автомобил и пукал во полицајците со оружје слично на „калашников“.

Според неофицијални информации во близина е пронајден „сомнителен пакет“.

Извор за Ројтерс потврдил дека и напаѓачот кој пукал е убиен. Другиот, според она што се дознава, е во бегство.

Локалната полиција оценува дека е многу веројатно да се работи за терористички напад, и ги советуваат граѓаните да останат дома.

Би Би Си јавува дека регионот каде се случил инцидентот е затворен за какво било движење. Силни полициски сили го обезбедуваат подрачјето а го надлетува хеликоптери.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 22:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар