Инцидентот се случил околу 21 чсот по локално време, кај Елисејските полиња, една од најславните улици во светот секогаш полна со туристи,  кога напаѓачот отворил оган на полицијата. Според неофицијални информации во близина е пронајден „сомнителен пакет“.

Извор за Ројтерс потврдил дека и напаѓачот е убиен.

Локалната полиција оценува дека е многу веројатно да се работи за терористички напад, и ги советуваат граѓаните да останат дома.

Би Би Си јавува дека регионот каде се случил инцидентот е затворен за какво било движење. Силни полициски сили го обезбедуваат подрачјето а го надлетува хеликоптер.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 21:55
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:06

коментари

остави коментар