Велешани според христијанските обичаи вечерва палеа свеќи за здравје во манастирот „Св.Димитрија“ и околните цркви „Св.Петка“ и „Св.Никола“. Воедно празнувањето ќе продолжи цела ноќ и утре кога велешани масовно го посетуваат овој манастир.

Утре изутрина во истиот манастир „Свети Димитрија" митрополитот Повардарски Агатангел ќе одржи и Света Златоустова Литургија.
Манастирот „Св. Димитрија“ кој првично бил посветен на Пресвета Богородица чија фреска се наоѓа на влезната врата на манастирот, има интересна историја. Манастирот цели  пет века бил затрупан под земја, за да биде сочуван од Османлиите.

Во 1820 година откако на сон му се јавил на воденичарот Петар Здравев од Велес со финансиска подршка на имотните велешани повторно бил откопан и ја догледува светлината на денот. Велешани со години наназад ја чуваат оваа традиција-првиот четврток и петок по Велигден на манастирската слава, масовно го посетуваат манастирот кој се наоѓа на неколку километри од градот. 
 

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 21:40
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 23:00

коментари

остави коментар