Бугарското специјално обвинителство започна опсежна истрага против 29 Бугари од градот Камено, поврзани со синџир за продажба на бебиња во Грција.

Во случајот досега се осудени две лица и се очекува истрагата да се прошири на неколку десетици.

Се работело за мрежа, која бремените жени ги носела во Грција каде се породувале, децата фиктивно ги признавале грчки татковци, а во сето тоа биле вклучени адвокати и лекари.

Според бугарските власти, во најголем дел се работело за Ромки, кои на овој начин преживувале и ги прехранувале семејствата.

Бебињата се продавале за пет илјади евра – три илјади добивале криумчарите, а две илјади мајките на новороденчињата.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 16:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар