Главниот уредник на левичарскиот сајт е приведен по рација во канцелариите.

Демирхан е притворен под обвинение дека „организирал протести преку социјалните мрежи, обидувајќи се да докаже ензаконитост на референдумот и ги поттикнувал луѓето на непријателство“.

Турската полиција претходно уапси најмалку 16 левичарски активисти кои учествуваа во протестите по референдумот. Издадени се 38 налози за апсење.

Според резултатите од референдумот, 51, 41% се изјасниле за проширување на овластувањата на претседателот, но опозицијата критикуваше дека до овој резултат Ердоган дошол преку „валкана игра“.

Sendika.org објави дека нема да биде замолчен и ги повика луѓето на протести.

Турските медиуми објавија дека 6 лица се притворени бидејќи ноќта по референдумот „јавно го навредиле“ Ердоган.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 16:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар