Филмот е синхронизиран на македонски, хрватски и албански јазик и истовремено е достапен на Video on Demand платформата Cinesquare.net. 

Компанијата „Катавеј“ доби поддршка од програмата МЕДИА во делот за онлајн-дистрибуција. Агенцијата за филм го поддржува овој проект кој ќе обедини три држави во кои во исто време ќе има прикажување на европски детски филм синхронизиран на три јазици, во кино и на платформа.

Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска-Илиевска на денешната прес-конференцијата информира дека овој проект е многу значаен за нивната институција и за македонскиот Медиа деск, кој почна да работи од лани.

- Оваа платформа ќе биде промовирана и во рамки на македонскиот ден на штандот на Југоисточна Европа во рамки на Филмскиот фестивал во Кан, рече Ѓоргоска-Иливска.

Менаџерот на дистрибутерската куќа „Катавеј“ и иницијатор на проектот Дејан Трајкоски информира дека платформата „Cinesquare.net“ ќе почне со работа денеска и ќе биде достапна во 13 балкански земји.

-  Video on Demand е еден вид видео-библиотека во која има повеќе филмови од 13 земји од ЈИЕ. Моделот на дистрибуција е особено поддржан од фондот „Еуроимаж“. Голем дел од македонските филмови ќе бидат достапни во секој момент, со висок квалитет. За едно евро ќе може да се гледа долгометражен филм. Во иднина филмовите на Јутјуб ќе ги нема, рече Трајкоски.

Филмофилите од Југоисточна Европа ќе можат во секое време да ги гледаат бисерите на македонската кинематографија: „Македонска крвава свадба“, „Мис Стон“, „Солунските атентатори“, како и „Тетовирање“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“ и кратки документарни филмови. За почеток, сите филмови имаат англиски превод, а дел се преведени и на јазици од земјите од Југоисточна Европа.

Трајкоски информира дека филмот „Малиот гангстер“ ќе можат да го погледнат повеќе илјади деца во една недела. Тој очекува да се сруши рекордот на гледаност на еден филм во период од една недела во 22 града во земјава.

Филмот во Македонија ќе се прикажува во 22 општини (Скопје, Битола, Прилеп, Струга, Кавадарци, Крушево, Струмица, Гостивар, Куманово, Штип, Делчево, Неготино, Велес, Македонски Брод, Дебар, Крива Паланка, Тетово, Свети Николе, Радовиш, Кичево, Могила. Во Скопје филмот ќе се прикажува во кината „Милениум“ и во „Синеплекс“.

Детскиот холандски филм „Малиот гангстер“ е еден од најдобрите холандски семејни филмови во последните години. Победник е на најголемите филмски фестивали за деца во светот – „Синекид“, „Џифони“, „Оулу“. /МИА

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 15:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар