За време на разговорот тој ги нарече Ким Јонг Ун, како и неговиот претходник Ким Јонг Ил, со истата фраза – „овој господин“.

„Се надевам дека сѐ ќе излезе добро. Се надевам дека ќе има мир. Но, знаете, тие разговараат со овој господин веќе долго“, кажа Трамп.

Тој потоа додаде дека Бил Клинтон со истиот „господин“ потпишал „неуспешен мировен договор“.

„Погледнете ги различните нешта со претседателот Обама. Сите ги надигрува, сите ги надигра овој господин. Ќе видиме што ќе се случи“, кажа Трамп во интервјуто.

Трамп, според изјавата, смета дека Клинтон и Обама преговарале со истата личност. Клинтон договорот го потпиша во 1994 година со Ким Јонг Ил, а Ким Јонг Ун имал 16 години кога Клинтон беше претседател.

Трамп неодамна помеша и две држави, Ирак и Сирија, додека зборуваше за тоа против која држава извршил воздушен напад.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 13:33
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:19

коментари

остави коментар