Руските медиуми го објавија и видеото од филмското апсење на Акрам Азимов на автобуска постојка во Москва, на кое се гледа како двајца припадници на федералната служба за безбедност истрчуваат од возило во движење и го апсат осомничениот.

При апсењето, кај него е пронајдена и граната сместена во чанта.

29-годишниот Азимов е осомничен дека го обучувал бомбашот самоубиец, кој се разнесе во метрото, како и дека учествувал во протокот на пари, користени за подготвување на нападот.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 09:23
Гоце Герасимовски
Обновено во: 16:24

коментари

остави коментар