И Кондосфирис и Ѕани беа учесници на Биеналето на цртеж Скопје 2016 и беа претставени во каталогот со свои репродукции.

Кондосфирис работи со цемент, објекти и цртежи (цемент на хартија), а Сани со исклучително впечатливо фигуративно сликарство (акварел на хартија). Поставката ќе трае до 3 мај, годинава, а влезот е слободен.

Харис Кондосфирис е роден во 1965 година, а живее и работи во Лерин, Грција. Студирал филмска режија и ликовна уметност. Учествувал на меѓународни проекти во Италија, Германија, Турција, Велика Британија, Бразил и Кина. Тој бил претставник на Грција на 26 Биенале на Сао Паоло, Бразил (2004) и учествувал на Биеналето на Пекинг (2005) и на Биеналето во Солун (2009). Реализирал 23 лични изложби и учествувал на повеќе групни изложби во Грција и во странство.

Бил професор по ликовна уметност во Одделот за пластични уметности при Универзитетот во Јанина (2007-2010), а во моментот е соработник-професор на визуелни и применети уметности на Универзитетот на Западна Македонија, Лерин од 2010 година.

Кристина Ѕани е родена во 1985 година во Атина, Грција. Дипломирала при Факултетот за ликовни уметности. Досега имала многу самостојни изложби и учествувала во значајни групни изложби. Најважната самостојна изложба „Заборавени шепотења“ се одржала во КХ5 галерија во Цирих во 2016 година. Имала изложба во Археолошкиот музеј Игуменица „Надворешна чувствителност“ во Грција во 2016 година, изложби во Даблин...

Делата на Ѕани можат да се најдат во јавни и приватни уметнички збирки и во Грција и во странство. Таа во моментов живее и работи во Кардица, Грција. /МИА


коментари

остави коментар