27 годишниот Хернандез бил пронајден обесен во својата самица во 3 часот утрово - стои во извештајот на полицијата во Масачусетс.

Се обесил со чаршав кој бил закачен за затворскиот прозорец, а претходно се обидел со разни предмети да ја блокира вратата од ќелијата, да не може да се отвори.

Одговорните во затворот тврдат дека Хернандез никогаш не манифестирал дека има намера да се самоубие, инаку не би го ставиле во самица.

Проштална порака не оставил.

Поранешната фудбалска ѕвезда Арон Хернандез беше во затвор откако во 2015 беше обвинет за убиство на полу - професионалниот фудбалер Один Лојд, кое било извршено во 2013 година - објави Фокс њуз.





Датум на објава: среда, 19 април 2017 во 21:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар