Кејтлин не им открила на Ким, Кортни и Клои, ниту на Крис, што ќе објави во својата најнова книга, тврдејќи дека сака да биде изненадување, но излезе дека изненадувањето е лошо примено од нив.

Дејли меил пишува дека сестрите Кардашијан биле огорчени што Кејтлин пишува дека нивната мајка, Крис, со која беше во брак, во тоа време „го спречувала да ја изрази својата вистинска природа“. Тие тешко ги поднесуваат критиките за мајка им од човекот ( сега жената) кој долги години поминал со неа.

- Тие сакаат Кејтлин да биде среќна и да го сподели своето искуство, но мислат дека би требало да биде внимателна кон Крис - вели извор за американските таблоиди.

Следното огромно изненадување за нив е што Кејтлин во книгата го спомнува и нивниот татко, Роберт Кардашијан. Сметаат дека тој не требало воопшто да биде спомнат во таа книга.

- Тие се чувствуваат комплетно предадени - вели извор за „InTouch“.



Once OK: Here the family embraced Jenner during a Yeezy show in February 2016

- Ким, Кортни и Клои сега воопшто не зборуваат со Кејтлин. Што се однесува до нив, нивната врска е завршена. Таа е мртва за нив! - вели изворот.

Таблоидите јавуваат дека и Кендал и Кајли тешко го поднеле тоа што Кејтлин не им кажала што ќе објави во книгата.


Sad turn: A source also said Kylie (right) and Kendall (left) have been in tears over the book

Крис пак мисли дека Кејтлин ја користи славата на семејството Кардашијан за да на направи својата книга бестселер.

- Таа се заколна дека никогаш нема да и прости на Кејтлин - вели изворот.

Уште пред да се појават информации за содржината на книгата, Кејтлин се жалеше дека децата ја игнорираат и се прашуваше зошто. Сега односите им се уште повеќе влошени...

Датум на објава: среда, 19 април 2017 во 16:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар