Со намалувањето на бројот на деца кои се имунизираат од морбили,паротит и рубеола се зголемува ризикот од враќање на опасните заболувања објаснуваат докторите.

За докторите имунизацијата е многу важна, бидејќи во Бугарија и Романија бројот на заболени од ситни сипаници се зголемува, а има и смртни случаи.

Стравот дека МПР вакцината е причина за аутизам е неоснован, велат докторите. Докторите објаснија дека е стабилен процентот за ревакцинација на МПР и другите вакцини.

По повод светската недела за имунизација се одржа работилница како докторите да комуницираат со родителите.

Докторите објаснуваат дека бенефитот од вакцинацијата е голем, а доказ за тоа што повеќе од 30 години во Македонија нема парализа, а дифтерија над 40 години во државата.


Датум на објава: среда, 19 април 2017 во 14:24
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 16:31

коментари

остави коментар