И тоа во минијатурен стан.

Станот има само осум квадратни метри, но во него се наоѓа се што и е потребно – кујна, тоалет, спална соба, па дури и мал балкон. Сето тоа Ема ја чини 600 евра месечно.

„Долго време барав сместување и кога го видов овој стан едноставно ми падна во око, бидејќи беше направен на две нивоа. Делот за спиење е одвоен од остатокот на станот. Отсекогаш сум сакала да живеам во Јапонија. Во центарот на Токио становите и онака се многу мали“ – објаснила таа и додала дека е многу среќна.

Сепак ваквите станови дефинитивно не се за луѓе кои страдаат од клаустрофобија, бидејќи двата ѕида може да се допрат со рацете во исто време и тоа да не ги испружите до крај.


Датум на објава: среда, 19 април 2017 во 11:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар