На концертот, кој ќе се одржи вечер во 19 часот во  Центарот за култура во Битола, ќе бидат изведени дела од Бетовен, Шопен, Витали, Франк, Албенис, Гершвин...

Концертот е поддржан и од почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола, а влезот е слободен.

Овој концерт е дел од проектот „Амбасада на вештината“, основана по иницијатива на Министерството за култура на Руската Федерација и вклучува патување на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура во странски држави. Во 2016 година се одржале 60 концерти во 22 држави во светот. Нејзина главна задача е развој на класичната музичка уметност, зачувување на традиционалните изведувања и подготовка на млади руски музичари за меѓународни натпревари и фестивали. /МИА

коментари

остави коментар