Детската градинка се наоѓа во шума каде што нема вода за пиење и нема струја.
Градинката се наоѓа во јужниот дел на Британија во округот Дорсет.

Децата дури од две годишна возраст учат техники во природата. На децата им е дозволено да се качуваат на дрва, да си играат во кал, да сечaт дрва со пила дури им е дозволено и да готват на отворен огран.

Мотото на групата е дека не постои лошо време - постои само погрешна облека.

Сопственикот Кирстен Фреер ја отворил оваа градинка во 2007 години но градинката на отворено работи веќе шест години.

Во градинката се вработени пет негуватели на кои им се доверуваат по максимум 12 деца.

Децата денот го поминуваат во градење привремени засолништа, одгледување зеленчук дури и правење леб.

Сопствениците идејата ја добиле од Скандинавските држави. Таму градинките на отворено се многу вообичаени и ги има во голем број.

Датум на објава: вторник, 18 април 2017 во 22:19
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 21:24

коментари

остави коментар