Индиските лекари немаат одговор на екстремната дебелина на малата Чахат од индиската провинција Пенџаб, на која итно и е потребна помош да ослабне.

Таа во моментов тежи 17 килограми и продолжува да добива на тежина и се смета за најдебело бебе на нејзина возраст на светот.

Драстично почнала да се дебелее пред четири месеци, почнала да јаде како 10-годишно дете и оттогаш има проблеми со дишењето и спиењето.

Бебето сумо борач, како што го нарекоа медиумите, наскоро ќе замине на прегледи во Њу Делхи, зашто локалните лекари велат дека не се охрабруваат да применуваат третмани како за возрасни.

Датум на објава: понеделник, 17 април 2017 во 14:28
Гоце Герасимовски
Обновено во: 11:24

коментари

остави коментар