Младите болдеристи и ветераните денеска се искачуваа на локалитетот „Камена Баба“ над вештачкото езеро.

Според Ице Белакапоски од здружението „Златоврв“ локалитетот е атрактивна дестинација, а воопшто карпите во околината на Прилеп се познати во Европа.
- Нашата цел е да ги привлечеме илјадниците болдеристи од Европа. Терените се фасцинантни и нудат квалитетно искачување на 3,4,5 и 6 метри без опрема, вели Белакапоски.

Според Герхард Куртелес од Австрија, кој е прв пат во Прилеп, карпите се меѓу најквалитетните во светот.

- Прв пат сум тука, цела недела го испитувам теренот. Карпите фасцинираат и според мое мислење се меѓу најквалитетните во светот, вели Куртелес.
Ева Маринова од Варна, Бугарија вели дека за болдерингот ја „заразил“ нејзиниот 15-годишен син.

- Јас сум воодушевена. Син ми три години се занимава со болдеринг, амбициозен е, сака да постигне многу. Болдерингот е хоби кое го јакнее карактерот, вели Маринова.
Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески овој 7. болдеринг фестивал „Крали Марко“ ја отвори сезоната на екстремните спортови со кои Прилеп е позната европска дестинација.

- Очекуваме илјадници спортисти и во наредниот период. Болдерингот, заедно со планинскиот велсипедизам, мото кросот, рели трките со џипови, параглајдерството се промотори на туризмот во Прилеп, но и позната дестинација за вљубениците во адреналинските спортови, вели Ристески.
„Крали Марко болдеринг фестивалот“ се одржува од 14 до 16 април. 

Датум на објава: сабота, 15 април 2017 во 16:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар