Победи на гигантите од Мадрид во премиерните четврфинални средби од Лигата на шампионите. На мега дуелот во Минхен , бранителот на тронот Реал со пресврт во режија на Роналдо го совлада домашниот Баерн Минхен со 2-1. Единствениот гол за домаќините со кој Баерн поведе со 1-0 го постигна Видал, кој во финишот на првото полувреме промаши пенал за водство од 2-0. 


Getty Images

Во второто полувреме со своите 98 и 99 гол во европските купови најдобриот срелец во елитното друштво Кристијано Роналдо обезбеди голем триумф за кралевите на Алианц арената во Минхен.Играта на Баерн падна посебно по исклучувањето на Мартинез во 61 минута.
Мануел Ноев вечерва го спаси Баерн од вистинска катастрофа.

На дуелот во Мадрид , Алетико со 1-0 го совладаа англискиот првак Лестер .Клучниот момен на мечот на Винсенте Калдерон се случи во 28 минута кога Гризман од пенал ја погоди гостинската мрежа за победа во првите 90 минути од чевртфиналето.

Датум на објава: среда, 12 април 2017 во 22:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар