Легендарната пејачка и најмлада сестра на Мајкл Џексон, Џенет Џексон, само неколку месеци откако на 50 години го доби своето прво дете, го напушти својот богат сопруг Висар Ал Мана - јави pagesix.

Извори за медиумот велат дека Џенет повеќе не можела да ја поднесе контролата која нејзиниот сопруг и ја наметнувал.

- Таа процени дека премногу ја контролирал за време на бременоста, иако веќе претходно му дозволила д аи диктира како ќе изгледа, како ќе с еоблекува, па дури и како ќе настапува на концертите - вели изворот.

Блиски на Џенет Џексон велат дека проблемот почнал поодамна - неговата потреба да конролира одела дотаму што за време на турнејата во 2014 и ги забранил нејзините танчерски точки и изгледот по кој претходно била препознатлива на своите концерти, па таа почнала да чувствува дека ја губи својата база на фанови.

Порај тоа, Висар не сакал д апоминува време со нејзините роднини и пријатели.

Сепак, тие се надевале дека бебето ќе ги подобри работите.

На 3 јануари се роди нивниот син Елса Ал Мана, но работите не се подобрија.

Џексон чувствува дека сите компромиси ги прави само таа, а нејзиниот 41 годишен сопруг само наредува. Чашата се прелила кога не покажал никакво интересирање за проблемите з амајката на Џенет, која побарала помош од нив.

Се проценува дека Џенет располага со богатство од 250 милиони долари, а Висар е катарски бизнисмен полн со пари. Не се знае дали потпишале некаков предбрачен договор...

Датум на објава: недела, 09 април 2017 во 10:08
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:09

коментари

остави коментар