Акцијата ќе трае до ноември, а опфатени ќе бидат Битола, Куманово, Охрид, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца и Ново Село. Целта е да се поттикне создавањето добри навики кај децата уште во раната возраст и да се намали количеството отпадни батерии во животната средина.

- Во соработка со училиштата,  подготвивме едукативно - информативен материјал и наменски еко-кутии кои се веќе поставени на видливи места во училишните згради. Во нив учениците ќе ги оставаат отпадните батерии од нивните домаќинства и на тој начин ќе спречат протекување на опасните супстанции (цинк, литиум, олово, кадмиум и жива што се содржат во батериите) да ги загадат почвата, подземните или површинските води, информира Елколект.

Елколект е лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Како што наведува, континуирано презема конкретни чекори за подигање на јавната свест, првично кај децата, за неопходноста од примарна селекција  на отпадните батерии и нивно немешање со останатите видови отпад. 

Датум на објава: вторник, 04 април 2017 во 13:08
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:34

коментари

остави коментар