Ова е пораката на иницијаторите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија.

И на денешното дружење со граѓаните во Градскиот парк, побараа од политичарите да се откажат од т.н. Тиранска платформа и од изборот на собраниски спикер.

На 34 ден од протестите, овојпат во првоаприлски декор дел од граѓаните се дружеа со организаторите на иницијативата. Веселиот ден го искористија и за сериозни пораки.

Организаторите на За заедничка Македонија порачаа дека ќе ги продолжат протестите се додека не им бидат исполнети барањата. 

Датум на објава: сабота, 01 април 2017 во 15:48
Весна Велкова Тодоровска

коментари

остави коментар