Искуствата покажуваат дека се уште има негативни примери. Триесет и двегодишната Светлана Петковска од Битола од третата до 14 година од животот, во текот на основното образование имала епилепсија, но и непријатни искуства поради тоа. Наставниците ги убедувале родителите таа да учи во специјално училиште, иако немало вистинска потреба од тоа. Покрај тоа се соочила и со непријатност на работно место.

Со делење на флаери на Широк сокак членовите на здружение ги информираа битолчани за состојбата на овие лица, но и за потребата тие да не бидат стигматизирани, туку како и сите други рамноправо да се вклучат во сите општествени процеси.

Според Светската здравствена организација во Македонија има 25.000 лица со епилепсија.


Датум на објава: недела, 26 март 2017 во 13:36
Анета Шијакова
Обновено во: 15:19

коментари

остави коментар