Имено, тој во своите анегдоти ги спомена Линдзи Лохан, Лејди Гага, но зборуваше и за ХИВ позитивните колеги.

Тој откри дека Лејди Гага го барала да го снимат првиот 18+ видео клип за MTV. Таа, нејзината колешка Бритни Спирс и Линдзи Лохан требало да глумат стриптизерки. Гага рекла дека би се соблекла целосно и би играла во скут на маж единствено ако машката улога ја прифати Шин.

„Ќе бидам целосно гола. Дали си подготвен за тоа?“ – ме праша. Јас сум роден спремен – и реков тогаш“, проговори актерот за деталите од проектот кој никогаш не е реализиран.

На крајот на интервјуто актерот додаде дека знае уште неколку холивудски ѕвезди кои се ХИВ позитивни, но бидејќи тие не сакаат јавно да зборуваат за тоа, не сакал ни тој да откри кои се тие. 

Датум на објава: среда, 22 март 2017 во 16:41
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:44

коментари

остави коментар