Фло ја завршува смената, за неа денот поминал супер.

„Јас работам со овие луѓе тука. Многу ја сакам оваа работа и ме прави среќна. Дали имавте многу работа? Денеска немаше, сакам да работам овде во „Јавна соба“. Интересно ми е, многу е забавно и имам многу фанови. Тука сум со моето момче и ме прави многу среќна“, рече Флоренс Гарет.

На заминување Фло на гостите им посака убав престој и свежо исцеден џус за убаво расположение.

Фло, Ена и Оли се дел од проектот вработување на лицата со Даунов синдром.

Во овој кафе бар се одлично прифатени и од сопствениците и од гостите. Ена и Оли одлично ги промовираат кафињата.

Дел од проектот е и Цако, заљубен во Фло и среќен што заедно работат и успеваат да ги сменат мислењата за луѓето со Даунов синдром.

Проектот почнал случајно пред една година истите девојки и момци биле дел од персоналот што ги служеле гости на свадба.

Задоволството од страна на сопственикот од нивната енергија било клучно за нивно вработување во познатото место „Public room“ или „Jавнa соба“. 

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 19:02
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 14:02

коментари

остави коментар