Освен народниот правобранител , случајот детално да го испитаат сите надлежни институции, министерството за образование и наука, МВР, Првата детска амбасада Меѓаши, бараат  од партијата, а доколку е потребно да се назначи и нов директор на гиманзијата.

Ако се докаже дека фотографиите со непристојна  содржина и видеото се поставени на социјалните мрежи од директорот , сигурно дека ќе сноси одговорност , најави денеска градоначалникот на Куманово.

-Очекувам известување од службите на МВР, бидејќи е пријавено како хакерски упад во профилот на директорот. Јас оставив таа работа да се докаже, ако има вина негова сигурно дека ќе трпи санкции во однос на позицијата директор во гимназијата, изјави Зоран Дамјановски ,градоначалник на Куманово

Директорот на гимназијата минатиот петок  во своја одбрана кажа дека  бил уценуван со монтирани фотографии за да му изнудат финансиски средства во износ од 8.500 евра.

-Комплетно е украден мојот профил. Јас го ставив во мирување во понеделник наутро, меѓутоа денеска бидејќи случајот е пријавен во полиција  го активирав, изјави  минатиот петок( 17 .03. 2017 ) Горан Димитријевиќ , директор на Гимназија „Гоце Делчев“

Случајот , како што тврдат за Канал 5 од МВР,  се уште не е пријавен во полиција иако директорот рече дека тоа го сторил  уште минатата недела.

Инаку, фотографиите и видеото со експлицитна содржина за кои се тврди дека се на директорот Горан Димитријевиќ , а се уште не е утврдено дали се вистински или монитирани се појавија на социјалните мрежи пред десетина дена . 

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 17:29
Снежа Петковска
Обновено во: 18:08

коментари

остави коментар