Тој додаде дека на документите е наведено дека тој е татко на Медокс, само за да се забрза процесот за посвојување. Медкос е член на семејството Пит-Џоли од 2003 година.

„Анџелина мораше да го промени неговото име, а тоа морав јас да го направам. Реков дека тој е мој син“ – изјави Сарат, кој додава дека би сакал актерката никогаш повеќе да не се врати во Камбоџа.

Таа година се усвоени нови, построги закони за посвојување на деца од Камбоџа поради страв од трговија со луѓе, што може да биде причината поради која актерката сакала да го забрза процесот.

Сарат документите ги покажал на британскиот таблоид „Сан“, но тие не докажуваат дека Анџелина знаела за нив.

Интересно е дека работничката во агенцијата за посвојува, откако Анџелина го посвоила Медокс, завршила во затвор поради фалсификување на имињата и местата на раѓање на децата кои заминале во американски семејства.

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 16:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар