Откако постигна два гола против Ајакс, беше прогласен за играч на натпреварот.

После натпреварот одржа говор, кој неочекувано го прослави.

„Ги ценам своите фанови, исто така“, изјави фудбалерот, а потоа продолжи:

„И мојата жена и мојата девојка...мислам, мојата жена....Жал ми е што го реков ова...извини...И се извинувам на жена ми“ – продолжи збунетиот Мухамед.

Веројатно станува збор само за лапсус, но кога ќе го изговорите во живо во програма, не можете а да не очекувате негативна реакција.

Да биде уште полошо, снимката многу брзо се најде на твитер, а за кратко време беше прегледана повеќе од два милиони пати.

Можеме само да ја замислиме реакцијата на неговата жена во тој момент, бидејќи мали се шансите да не ја слушнала оваа изјава.


Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 16:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар