Наратори на приказните беа актерите Теоман Максут и Миа Кантарџиева.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, во чие издание е едицијата, на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и донираа 40 комплети „Бајки од Македонија“.

Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ истакна дека до неодамна доминантни биле бајки од други држави, а не од Македонија.
- Креативниот израз на младите илустратори кои ги наградивме, односно ја наградивме Кристина Николовска го даде резулатот и веќе тоа се ликови кои младата генерација ги прифаќа за свои, а со тоа се приближува кон читањето. Поттик повеќе да продолжиме понатаму и да издавме уште бајки од Македонија. Читајте бајки, читајте книги, рече Пеева Лауренчиќ.

Раководителот на издаваштво во „Арс Ламина“ Бранка Бугариска нагласи дека целта што сакале да ја постигнат е децата да бидат нестрпливи, да читаат и слушаат уште бајки. 

- Во таа насока ќе продолжиме да работиме, заедно да создаваме нови едиции и да им донесеме на децата уште интересни бајки што доаѓаат токму од нашата држава и да градиме нова читателска публика, потенцира Бугариска.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири бајки – „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“ и претставува модернизирана и адаптирана форма на приказни од македонското народно творештво собрани од Марко Цепенков и од Танас Вражиновски. Во изборот на бајките учествуваше и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Илустрациите на приказните во едицијата „Бајки од Македонија“ ги изработи младата дизајнерка Катерина Николовска, која беше избрана на јавен конкурс. 

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 15:15
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:24

коментари

остави коментар