Компаниите со иновативни идеи  ќе можат да се претстават на натпреварот за развивање технолошки идеи во рамки на „Кодфест тек фестивал“, на кој што ќе земат учество над 150 учесници, пред нив ќе говорат реномирани технолошки и бизнис експерти од САД, Велика Британија, Шпанија, Данска и од Македонија. 30 тима ќе учествуваат на 32 часовниот натпревар а ќе се претстават 15 стартапи.

Работилниците се со цел да им помогнат на апликантите да генерираат добри  и квалитетни  проекти, кои што ќе ги развијат од до демо или прототип, да добијат меѓународна виднливост од кои Фондот ќе има можност да избере за да ги финансира. Крајната цел е нов иновативен производ на пазарот. Фестивалот ќе се одржи од 7-ми до 9-ти април во Охрид, под мотото Славење на иновациите во технологииите, истиот за јавноста ќе биде бесплатен.


Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 14:40
Ана Торевска
Обновено во: 15:26

коментари

остави коментар