Груевски вели овој документ, којшто ќе им биде понуден на сите партии, доколку биде прифатен ќе значи излез од кризата без да се нарушува унитарноста на државата.  Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели иако Тиранската платформа мора да биде отфрлена за да се заштити државата, лидерот на СДСМ, Зоран Заев не го прави тоа бидејќи се обидува да ја избегне одговорноста.

„Причината зошто Зоран Заев не отстапува е многу јасна. Тој е длабоко заглавен во криминал со конкретни случаи, на пример случајот „Поткуп“. Тој е фатен  жив како бара мито и како кажува дека на сите им барал мито, тука е и случајот „Цареви кули“, случајот „Пуч“.Тој сака на овој начин да формира влада, по секоја цена тргувајќи со националните и државните интереси, да врши потоа притисок да се заборави неговата одговорност. Клучната причина зошто тој не се повлекува е бидејќи знае што следува во таква ситуација, кога некој политичар ќе направи криминал“, вели Груевски.
Истакнува народот нема да дозволи да го водат политичари кои одат против неговата волја. Груевски го повтори партискиот став нови избори се излез од кризата и вели овој став, според анкетите го поддржуваат над 70 отсто од граѓаните. Според Груевски, втората опција која му ја нудат на СДСМ е поддршка за формирање малцинска влада доколку Заев се откаже од Тиранската платформа.

„Иако таа малцинска влада нема да донесе ништо добро за нашата земја сепак ќе се спречи разнебитувањето на државата, бинационалноста, како и  откажување на Тиранската платформа, а ние се уште сме отворени за тоа да му ја дадеме целосната власт на Зоран Заев, само нека ја остави нашата земја Македонија“, вели Груевски.
Груевски вели доколку СДСМ не ја прифати понудат и направи влада со поддршка од албанските политичките партии тогаш ќе се направи обид Тиранската платформа да биде во целост спроведе преку македонското собранието. Единствено народот може да ја одбрани државата затоа што може да ја нема, вели Груевски истакнувајќи дека крајната цела на оваа платформа е промена на името, федерализација на државата и последно нејзино разнебитување.

„Ова е план кој може само народот да го спречи. Потребно е народот да ја одбрани својата држава, затоа што може да ја нема. Државата може да ја нема ако се остави на овој човек и неговите сценаристи“, вели Груевски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ оценува дека дури прогонот од специјалното обвинителство на медиумите кои не се под контрола на СДСМ е со цел да направи дефокус од крајната цел – промена на името. ВМРО ДПМНЕ е таргет на СЈО и на СДСМ затоа што на браникот на националните и државни интереси, вели Груевски.


Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 14:33
Јулијана Николовска
Обновено во: 15:29

коментари

остави коментар